Американската скијачка Микаела Шифрин ја забележа петтата последователна победа во слалом на Светскиот куп во алпско скијање. На денешната трка во Килингтон (САД) по грешката на Петра Влхова во втората трка, Шифрин успеа да прослави уште една победа во Светскиот куп.
Победничката од двата слалома во Леви минатата недела, Влхова, имаше предност од 20 стотинки по првата трка, но во втората Шифрин ја мина патеката со извонреден резултат и без позначајни грешки. За разлика од неа, Влхова, направи многу грешки кои на крајот ја чинеа цела секунда заостанување.
Влхова се задоволи со второто место, додека трена на победничкиот подиум се искачи Швајцарката Венди Холдер.