Џенова „извлече нула“ во Удине, Пандев дваесетина минути на терен

411

Во првиот дуел од денешната Серија А програма, тимот на Џенова на чело со Горан Пандев гостуваше во Удине, кај Удинезе на Илија Несторовски. И обајцата наши интернационалци мечот го започнаа од клупата, а единствено Пандев доби шанса за настап и тоа во последните дваесетина минути од натпреварот. Истиот заврши 0:0, а Пандев не успеа да му донесе повеќе од бод на својот тим. Сепак, Џенова е  во таква ситуација во моментов на табелата што и бод е премија особено од гостински терен.

Што се однесува пак до Удинезе и Несторовски ова за нив секако е кикс, а Несторовски сеуште не е очигледно доволно во форма по враќањето од повредата, за да завземе посериозна улога во тимот.

 

ПретходноПолувреме: “Искри“ на Чаир, Гури го “замолкна“ Ѓорче, Нгоба за радост во Кавадарци! (ВИДЕО)
СледноНеверојатно: Италијански одбојкар 13 години мислел дека е во “врска“ со манекенката Алесандра Амброзио!