Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека спогодбено ја прекинува соработката со шефот на стручниот штаб на првата екипа, Андон Бошковски.
Причина за ваквиот потег е серијата слаби игри што кулминираше со трите порази во низа во Супер-лигата. На последниот состанок одржан во текот на денешниот ден заеднички со тренерот одлучeно е дека најдобро за клубот е да се прекине соработката.
Бошковски досега предводеше неколку суперлигаши, меѓу кои Вардар, Еурофарм Работник, КЛ7, Струга…