Винисиус со проектил донесе победа за Реал на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

921

Во исклучително возбудлив меч, Реал (М) со пресврт успеа да дојде до победа во последниот вечерашен меч од 15. коло на Ла Лига против екипата на Севиља. „Кралевите“ славеа со 2:1, иако гостите први поведоа.

Дека гостите не се дојдени со бело знаме во Мадрид покажаа уште на самиот почеток. Уште во 12. минута со голот на Рафа Мир, Севиља успеа да обезбеди водство од 1.0.

Истото умешно го одржуваше и покрај притисокот на домашените се до 32. минута, кога „кралевите“ успеаја да дојдат до егал со голот на Карим Бензема.

Цело второ полувреме Реал се мачеше да дојде до погодок за предност. Упорноста се чини се исплатеше се до финишот на мечот, кога во 86. минута со еден проектил Винисиус Жуниор успеа да го совлада вечерва слабиот Боно и да им донесе водство и победа на домашните од 2:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНаполи и Елмас „газат“ во Серија А: Убедлив триумф над Лацио за лидерско место (ВИДЕО)
СледноТоронто и Драгиќ се пред раскинување на соработката