Наполи и Елмас „газат“ во Серија А: Убедлив триумф над Лацио за лидерско место (ВИДЕО)

372

Фудбалерите на Наполи се вратија како лидери во Серија А лигата со предност од 3 бода пред Милан, откако вечерва на домашен терен го преслушаа Лацио со убедливи 4:0 во дербито на 14. коло во италијанското првенство.

Извонредната партија на домашните и атакот на 11-тата победа ја најавија Жиелински и Мертенс уште по само 10 минути игра, кога резултатот веќе беше 2:0 за Наполи.

Не помина долго време и за втор гол за Мертенс кој во 29. минута на домашните веќе им обезбеди предност и од 3:0.

Конечните 4:0 беа дело на Фабиан Руиз со еден прекрасен гол во 85. минута. Нашиот Ељиф Елмас влезе во игра во 64. минута на мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноСловенецот Ланишек до прва победа во Светскиот куп во ски скокови (видео)
СледноВинисиус со проектил донесе победа за Реал на „Бернабеу“ (ВИДЕО)