Завчера во Цирих на ждрепката за баражот за СП во Катар 2022 за ривал во полуфиналето ја доби Италија, светски фудбалск гигант. Во случај да победиме тогаш ждрепката не “однесе“ на евентуален мегдан со победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.
Несомнено крајно тешка ждрепка, сепак имаме верба во момците на селекторот Благоја Милевски.
ФФМ по тој повод денеска објави видео како врвот на Фудбалската федерација на чело со претседателот Муамед Сејдини, во просториите на Федерацијата, ја проследи манифестацијата од Цирих.
Имаше неколку интересни моменти, но највпечатлив беше коментарот на Сејдини кој откако виде против кого треба играме, кусо потенцираше…
“Ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат“.
Да кажеме дека полуфиналето за пласман на СП во Катар го играме на гости кај Италија на 24 март следната година, додека евентулното финале пет дена подоцна.