Наместо уште еден триумф со кој што ќе ја потврдеше во моментов добарат форма но пред се амбиции за највисок пласман, тимот на Милан денеска прописно се обрука на домашен терен и загуби од тимот на Сасуоло со конечни 1:3 и тоа на домашен терен.
Иако поведе со голот на Ромањоли, во продолжението на мечот Милан тотално се распадна. Головите на Скамака, автоголот на Кјаер, и Берарди на крајот ги „уништија“ тотално плановите на домашниот тим за освојување на трите бода, а катастрофата кулминираше со црвениот картон токму на Ромањоли.
Во вториот дуел од овој термин Болоња на гостински терен триумфираше над Специја.