Словенецот Ланишек до прва победа во Светскиот куп во ски скокови (видео)

134

Анже Ланишек ја оствари првата победа во кариерата во Светскиот куп во скијачки скокови откако денеска триумфираше на скокалницата „Рукатунтури“ во финскиот зимски центар Кусамо. Словенецот имаше скокови од 147 и 135 метри на скокалницата долга 142 метри и успеа да собере 311,9 поени.

За 1,5 поени беше подобар од германската ѕвезда Карл Гајгер, кој имаше скокови од 138 и 142,5 метри. А третото место го зазема Германецот Маркус Ајсенбихлер кој беше втор по првиот скок, но имаше слаб резултат во вториот скок.

Инаку вчера на првиот ден на „Рукатунтури“ најдобар скок имаше Јапонецот Рују Кобајаши, а втор беше Ланишек додека трет Ајсенбихлер.

Следните натпревари се на 5 декември на скокалницата „Малинка“ во полска Висла.

ПретходноФаворитите без грешка во некомплетното 10. коло од одбојкарскиот шампионат
СледноНаполи и Елмас „газат“ во Серија А: Убедлив триумф над Лацио за лидерско место (ВИДЕО)