Манчестер Сити ја оствари петтата победа по ред во сите турнири, откако денеска на свој терен го совлада Вест Хем со 2:1 во дуел од 13. коло на Премиер лигата. Илкај Гундоган во 33. и Фернандињо во 90. минута стрелаа за Сити, додека Мануел Лансини го постигна утешниот гол за „чеканите“ во судиското продолжение на времето.
Иако резултатот е минимален сепак успехот на „Граѓаните“ е заслужен со оглед на бројот на шанси и доминацијата на теренот.
Huge shoutout to our ground staff who have done an incredible job under difficult conditions today! 👏💙#ManCity pic.twitter.com/Moro3vgE6f
— Manchester City (@ManCity) November 28, 2021