Статуата на Марадона блесна на стадионот во Неапол (ФОТО)

451

Како што и беше најавено, денеска непосредно пред почетокот на мечот со Лацио од новото коло во Серија А, на стадионот во Неапол беше откриена статуата со реални димензии на легендата на Наполи и аргентинската репрезентација, Диего Армандо Марадона.

Статуата е создадена со помош на техники за 3D печатење и е донирана од пријателот на Марадона, Стефано Чеки.

„Му ветив на денот кога беше прогласен за почесен граѓанин на Неапол дека ќе добие статуа во градот или на стадионот“, изјавил Чеки.

Стадионот „Сан Паоло“ беше преименуван во „Стадио Диего Армандо Марадона“ само неколку дена по неговата смрт на 25 ноември 2020 година.

ПретходноШифрин оствари 46-та победа во слалом и се израмни со легендарниот Стенмарк
СледноХулиганите го прекинаа солунското дерби ПАОК – Арис (ФОТО+ВИДЕО)