Шифрин оствари 46-та победа во слалом и се израмни со легендарниот Стенмарк

152

Американската скијачка Микаела Шифрин ја забележа петтата последователна победа во слалом на Светскиот куп во алпско скијање. На денешната трка во Килингтон (САД) по грешката на Петра Влхова во втората трка, Шифрин успеа да прослави уште една победа во Светскиот куп.

Победничката од двата слалома во Леви минатата недела, Влхова, имаше предност од 20 стотинки по првата трка, но во втората Шифрин ја мина патеката со извонреден резултат и без позначајни грешки. За разлика од неа, Влхова, направи многу грешки кои на крајот ја чинеа цела секунда заостанување.

Влхова се задоволи со второто место, додека трена на победничкиот подиум се искачи Швајцарката Венди Холдер.

ПретходноКошаркарите ја почувствуваа „Палатата на спортовите“ во Киев (ФОТО)
СледноСтатуата на Марадона блесна на стадионот во Неапол (ФОТО)