Страшната автобуска несреќа на 23 ноември во Бугарија, каде загинаа 45 патници од Македонија, а голем дел беа од скопски Чаир, тешко ги погоди сите во клубот Шкупи. Па така тие пред да почне мечот со Струга ТЛ, кој сега веќе е во тек, не само што им одадоа почит на жртвите со едноминутно молчењем, туку искочија на теренот со посебни маички во нивна чест.
Навистина голем потег на сите во Шкупи.