Ралф Рангник, барем според најавите, утре би требало да биде промовиран како нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Нема дилеми, Германецот е новиот “шеф“ на Јунајтед. Па така сега сите прашуваат како ќе функционира тој со Кристијано Роналдо, главната ѕвезда на тимот.
Посебно ако се знае дека пред неколку години, додека Рангник беше тренер во Лајпциг, што тој изјави за Португалецот.
На прашањето дали би ги сакал во својот тим Роналдо и Меси, Рангник одговори…
“Роналдо и Меси се премногу стари и премногу скапи. Би било апсурдно да се мисли дека тие би функцинирале во Лајпциг. Мене ми требаа играчи кои ќе играат и во одбраната, а не само во нападот“ посочи тогаш Рангник.
Сега Роналдо е уште постар, и уште помалку игра во одбраната, па затоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите во следниот период. Инаку не е тајна дека Германецот сака во својот тим да има челична дисциплина и нема намера на никого да простува, па ни на Роналдо.
Едвај чекаме…