Македонија одново некомплетна стартува нов циклус. Овој пат станува збор за квалификациите за место на Светското првенство 2023 година. Без Ненад Димитријевиќ и Војдан Стојановски како лидери, но и тројца кошаркари кои предводникот Драган Бајиќ ги стави во скратениот список. Младеновски и Ѓуроски се повредени, Зекири не сака да игра за „црвено-жолтиот“ дрес.
Сето ова се одразува врз играта на македонската кошаркарска репрезентација, сигурно и текот против Шпанија можеби ќе беше за нијанса поинаков. Но овој меч е за да нашите момци, бидејќи денеска против Украина ќе ја браат првата победа.
Противникот исто има пораз, но на оваа средба е фаворит. Предводникот, Бајиќ вели дека ќе биде тешко, но во Киев имаат една цел – да пробаат да ги добијат украинските кошаркарки.
„Украина играше со Грузија и пружи добар отпор. Имаат одличен ростер и доста искусен тренер. Сигурно е дека далечното патување ни создава и дополнителни проблеми, затоа што времето за анализа и подготовка ќе биде навистина кратко. Искрено, сите наши подготовки беа за средбата со Шпанија. Па во овој простор кој е пред нас ќе се бидеме да направиме целосна анализа за она што следува, дуелот со Украина. Како и да е, тука сме со намера да пружиме некој наш максимум и со амбиции, со намера да пробаме да го добиеме овој натпревар. Со уверение дека од натпревар во натпревар овој тим ќе расте и ќе расте. Атмосферата во екипата е навистина добра. Работам со доста карактерни момци, и навистина сум задоволен. И уживам во работата поради која сум овде“, вели Бајиќ пред вториот натпревар од квалификациите за СК 2023.