Голден Стејт Вориорс ја забележа седмата победа во низа во НБА лигата и со скор од 18:2 и понатаму го држи првото место во Западната конференција. Вориорс беа подобри на гости кај ЛА Клиперс со 105:90 благодарение на одличната партија на Стеф Кари.
Незапирливиот Кари го одигра осмиот последователен натпревар во кој ја надмина границата од 30 поени. Посебно беше инспириран во последната четвртина од мечот, во која го истури бесот поради една груба лична грешка со три врзани тројки во 75 секунди, за предност од 12 поени на Вориорс. Потоа се потсмеваше на судијата.
Кари мечот го заврши со 33 поени и 6 асистенции и исто толку освоени топки со 12/22 од игра од кои 7-13 за три поени. Токму од линијата за три поени испиша историја во НБА-лигата. Во сезоните 2015-2016 и 2018/19 му беа потребни 20 меча за да стигне до 100. тројка, но сега дојде до рекорд, на својот 19. меч стигна до 100. тројка.
Во овој момент има 105 тројки, што го прави рекордер во лигата со толку малку одиграни мечеви. Во сезоните 2018/2020 имаше 101 тројка, додека три години претходно 102.
A short story:
It started with the referee T’ing up Steph Curry. It ended with Steph T’ing up the ref. pic.twitter.com/pernQDoYEN
— Antonin (@antonin_org) November 28, 2021