Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос, вели дека неговиот сегашен соиграч и долгогодишен лут ривал, Лионел Меси е фаворит да ја освои „Златната топка“ .
Доделувањето на наградата ќе се одржи денеска во Париз.
„Лионел е многу важен играч за ПСЖ. Тој е уникатен фудбалер. Привилегија е да се има таков играч во тимот. Ссекогаш ќе ги поддржувам соиграчите, да тој е фаворит за ‘Златната топк’ и му посакувам многу среќа“, изјави Рамос.