Бајиќ: Се истрошивме против Шпанија, ја изгубивме енергијата поради долгиот пат!

501

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша и вториот пораз во квалификациите за пласман на СП 2023, откако беше совладана од Украина со убедливи 78-61.

Едно добро прво полувреме не беше доволно за радост во Киев, Драган Бајиќ немаше решение за противникот во вториот дел, во кој бевме под нивото и покрај тоа што Украина не блескаше.

„И честитам на Украина за победата. Што се однесува до мечот, можам да ги пофалам момците кога станува збор за првото полувреме. Имавме краток период да се подготвиме, се обидовме да го испочитаме она што договоривме, го успоритвме ритамот, не им дозволивме да се разиграат на почетокот. Со промена на одбраната, го сопревме нивното најсилно оржује Имавме добра контрола на скокот, не им дозволивме да постигнат лесни поени, ги сведовме грешките на минимум.

Но, во второто полувреме, паднавме. Мислам дека свое влијание имаше и долгиот пат, ја изгубивме енергијата. Со самиот пад на енергијата ја загубивме и концентрацијата, која се рефлектираше во овој дел од мечот. На крајот дуелот со Шпанија имаше краен исход денеска, одигравме силен меч. Мораме да одиме напред имаме уште многу мечеви. Се надевам дека во февруарските квалификации ќе бидеме комплетни, ни фалат пет играчи кои се повредени“, изјави Бајиќ. 

ПретходноРоналдо “удри“ по уредникот на “Франс Фудбал“: Фере е голем лажго!
СледноКрстевски: Овој тим може многу подобро, резултатот не е реален!