Бајиќ: Украина има одличен тим, но тука дојдовме да пробаме да победиме!

233

Македонија одново некомплетна стартува нов циклус. Овој пат станува збор за квалификациите за место на Светското првенство 2023 година. Без Ненад Димитријевиќ и Војдан Стојановски како лидери, но и тројца кошаркари кои предводникот Драган Бајиќ ги стави во скратениот список. Младеновски и Ѓуроски се повредени, Зекири не сака да игра за „црвено-жолтиот“ дрес.

Сето ова се одразува врз играта на македонската кошаркарска репрезентација, сигурно и текот против Шпанија можеби ќе беше за нијанса поинаков. Но овој меч е за да нашите момци, бидејќи денеска против Украина ќе ја браат првата победа.

Противникот исто има пораз, но на оваа средба е фаворит. Предводникот, Бајиќ вели дека ќе биде тешко, но во Киев имаат една цел – да пробаат да ги добијат украинските кошаркарки.

„Украина играше со Грузија и пружи добар отпор. Имаат одличен ростер и доста искусен тренер. Сигурно е дека далечното патување ни создава и дополнителни проблеми, затоа што времето за анализа и подготовка ќе биде навистина кратко. Искрено, сите наши подготовки беа за средбата со Шпанија. Па во овој простор кој е пред нас ќе се бидеме да направиме целосна анализа за она што следува, дуелот со Украина. Како и да е, тука сме со намера да пружиме некој наш максимум и со амбиции, со намера да пробаме да го добиеме овој натпревар. Со уверение дека од натпревар во натпревар овој тим ќе расте и ќе расте. Атмосферата во екипата е навистина добра. Работам со доста карактерни момци, и навистина сум задоволен. И уживам во работата поради која сум овде“, вели Бајиќ пред вториот натпревар од квалификациите за СК 2023.

ПретходноНе играше повеќе од 900 дена, сега е на чекор да се врати во НБА-лига
СледноБитолчани оптимисти: И во Лисабон одиме на победа