Вечерва во Париз и официјално ќе стане познато името на новиот освојувач на најпрестижната светска индивидуална фудбалска награда, „Златната топка“ на „Франс Фудбал“.
По едногодишна пауза поради пандемијата, наградите се враќаат. Во Париз ќе биде организирана свечена церемонија која ќе се емитува пред светската публика. Ќе бидат одликувани и најдобриот млад играч и најдобриот голман.
Лионел Меси е фаворит, ако се суди споредкоефициентите во светските обложувалници, но разликата меѓу него и Роберт Левандовски е мала. Останатите кандидати кои вчегоа во финалната битка, очигледно се далеку од овие двајца.
Жоргињо, кој потенцијално може да се појави како изненадувачки победник, стигна до финалната номинација по неговата улога во победата на Италија на Евро 2020 година. Карим Бензема исто така се споменува како фаворит од сенка, заедно со Мохамед Салах од Ливерпул, кој заработи медиумска помпа со неговиот жежок почеток на сезоната во Премиер лигата,
Екипата на фудбалски аналитичари, вклучувајќи го и Тиери Анри, веруваат дека Меси ќе победи, иако повеќе би сакале друг да ја добие оваа престижна награда.