Денеска одбојкарско дерби во Струмица: Наковски Волеј го предизвикува шампионот

123

Одбојкарките на Наковски Волеј и Јанта Волеј КВ вечерва ќе го одиграат големото дерби на 10. коло од домашнто одбојкарско првенство за жени. Актуелните шампионки, Јанта Волеј КВ ќе се обидат да го изненадат годинава одличниот струмички состав, која заедно со Работнички покажа најмногу од почетокот на сезоната. Средбата е закажана од 18 часот.

Викендов беа одиграни два меча од тековното коло во кои Струмица и Фит Фан Волеј обезбедија максимални победи. Струмичанки чекувано го преслушаа скопски Вардар, додека Фит Фан Волеј изненади со убедливата победа на гостувањето во Битола кај незгодниот Пелистер.

Последниот меч од тековното коло ќе се одигра утре во Скопје, каде Работнички го пречекува Универзитет во Тетово.

Прва лига (жени), 10.коло

Струмица жени – Вардар жени                           3:0 (25:11, 25:17, 25:13)

Пелистер волеј – Фит фан волеј                         0:3 (15:25, 21:25, 20:25)

Наковски волеј – Јанта волеј Кисела вода          (понеделник, 18.00, МРТ-3)

Работнички Скопје – Универзитет во Тетово       (вторник,17.00)

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Рангник е нов тренер на Манчестер Јунајтед!
Следно44 фудбалери и вработени во Беленензес се во изолација, некои го имаат новиот сој на Ковид-19