Квалификации за СП 2023: Македонија вечерва во Белфаст ќе го поправа впечатокот од Скопје!

150

Вечерва во Белфаст, нашата најдобра женска фудбалска репрезентација и гостува на селекцијата на С. Ирска,. Натпреварот започнува од 20 часот, а секако дека избраничките на селекторот Кирил Изов и тоа како ги чека тешка задача. Ова е натпревар од 6.коло во квалификациската група – Д, а Македонија ќе се обиде да го поправи впечатокот од Скопје, ако се знае дека пред пет дена на стадионот на ФФМ, нашите девојки загубија токму од С. Ирска со неверојатни 0:11. Резултат кој силно одекна во фудбалска Европа. И вечерва Изов нема да може да смета, така беше и во Скопје, на повеќе од половина наши стандардни репрезентативки, но оние кои вечерва ќе настапат во дресот со државниот грб ќе треба да го дадат и повеќе од својот максимум.

ПретходноОд лути непријатели, до добри соиграчи: Рамос навива Меси да ја добие „Златната топка“
СледноНа Јуве ќе му ја “земат“ и последната титула од сезоната 2019/20, таа ќе му припадне на Интер!?