Македонија „патосирана“ во Киев, Украина „воскресна“ во второто полувреме (ФОТО)

287

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да дојде до првата победа во квалификаците за место на Светското првенство 2023 година. Избраниците на Драган Бајиќ одиграа добро во првото полувреме во Киев, а потоа паднаа. На крајот беа совладани од Украина со 78-61(14-17, 16-17, 19-13, 29-14) за втор пораз во оваа мундијалска битка.

Бојан Крстевски запиша 14 поени, Вајли имаше два поени помалку, Мекиќ застана на 10, седум поени запиша Мекиќ. Дамјан Стојановски имаше шест поени, Робев беше стрелец на четири, три запишаа Симиќ и Николов, два Стајиќ.

20. МИНУТИ СО НАДЕЖ ЗА ДОБРА КРАЈ

Добро прво полувреме во Киев. Македонија ја имаше контролата на резултатот, противникот ниту еднаш не успеа да поведе во овој дел од натпреварот. Избраниците на Драган Баијиќ отворија со 0-5, а потоа и со 2-7 со поените на Симиќ, Мекиќ и Николов.

Предводникот на „црвено-жолтите“ во краток период правеше многу ротации, ја бараше вистинската петорка, а се чини при 11-11 ја најде. Со нова серија од 6-0, Македонија дојде на 11-17. Нашите кошаркари ги казнуваа грешките на противникот, па поведоа со највисоки 23-31, но на момент застанаа. Следеше мал пад, Украина на одморот намали на 30-34.

УКРАИНА СЕ РАЗБУДИ ВО ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ, МАКЕДОНИЈА ЗАСТАНА

Македонските кошаркари не успеаја на индентичен начин да влезат и во третиот период, исто како на стартот на мечот. Домашниот тим со серија од 11-3 (две тројки) дојде на 41-37 по четири и пол минути игра. Крстевски со два поени и блокада ги разбуди своите соиграчи, Мекиќ реализираше за 41-41. Украина не беше толку добра, колку што македонските кошаркари промашуваа, негативата дојде и на минус пет (49-44).

Дуелот беше решен во последната четвртина, во која „црвено-жолтите“ на стартот имаа негатива од 52-47. Ништо не одеше, реализацијата падна, Македонија не можеше да влезе во истиот ритам, а Бајиќ немаше решение за противникот.

На другата страна Украина предводена од Липови и Сидоров, го најде патот кон победата, дојде на плус седум (57-50), а потоа на четири и пол минути до крајот на 61-52. Бајиќ повика тајм-аут, но Лукашов погоди тројка за 64-52. Не се вратија македонските кошаркари, некако се тргна во лош правец, Украинците го завршија мечот без проблем и со голема разлика.

Својата шанса за радост, Македонија ќе ја бара во февруарските квалификации, против Грузија на гостински терен и дома.

ПретходноРангник во Јунајтед ќе биде платен 9 милиони евра годишно!
СледноРоналдо “удри“ по уредникот на “Франс Фудбал“: Фере е голем лажго!