На Јуве ќе му ја “земат“ и последната титула од сезоната 2019/20, таа ќе му припадне на Интер!?

1638

И натаму фудбалска вест бр.1 во Италија е финансиското работење на Јувентус, клуб кој е под истрага за малверзации со финансиите. Јасно е дека гигантот од Торино е под истрага а сега се бараат адекватни докази за тоа дека раководството на клубот навистина лажело кога се во прашање деловодните книги дека правел малверзации со финансиите, посебно со трансферите на играчите, а тие се на број 43. Навистина неверојатно.

Инаку последните вести од Италија велат дека Јуве не само што ќе биде исфрлен во Серија Б, се разбира ако се докажат обвиненијата, туку и дека веројатно ќе му ја земат и последната титула освоена во сезоната 2019/2020. Во случај така да биде тогаш пехарот ќе му припадне на Интер кој беше второпласиран во Серија А во таа сезона.

Нешто што веќе е видено пред 15 години во случајот “Калчополи“.

Навистина ако е така, а треба да им се верува на властите во Италија, тогаш Јувентус навистина ја претерал со своите малверзации и треба построга казна а не само исфрлање во понизок ранг и одземање на една титула.

Со ова се доведуваат во прашање сите освоени титули на Јуве од 2011 па се со до 2020 кога просто доминираше во Калчото. Дури лани Интер успеа да ја прекине таа доминација на „Старата Дама“.

ПретходноКвалификации за СП 2023: Македонија вечерва во Белфаст ќе го поправа впечатокот од Скопје!
СледноИгор се надевал на тротинет, но освои скутер