Поранешниот Ол-Стар кошаркар, Демаркус Казинс, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на НБА шампионот, Милвоки Бакс.
Центарот доби шанса да се докаже иако има необезбеден договор, но доколку покаже добри игри, постои можност да остане во редовите на тимот на Висконсин и следната сезона.
Минатата сезона Казинс ја започна во Хјустон, за подоцна да стане дел од Лос Анџелес Клиперс. Досега во кариерата има настапувано и за Сакраменто, Њу Орлеанс, Голден Стејт и Лос Анџелес Лејкерс.