Не играше повеќе од 900 дена, сега е на чекор да се врати во НБА-лига

360

Голден Стејт ја прати својата ѕвезда и еден од најдобрите шутери во светот, Клеј Томпсон во развојната лига во која е ставен на располагање на Санта Круз Вориорс. Тој ќе продолжи да тренира и да ја темпира формата за да може да се врати во НБА-лигата.

Тој ги пропушти последните две сезони поради повреда на ахиловата тетива. Томпсон последниот меч во најсилното светско натпреварување го одигра пред повеќе од 900 дена.

Според последните информации треба да се врати за Божиќ, иако нема официјална потврда за тоа. Последната сезона ја одигра со просек од 21.5 поени, 3.8 скока и 2.4 асистенции по меч.

ПретходноХит од Норвешка: Го нападна својот голман и доби црвен картон (ВИДЕО)
СледноБајиќ: Украина има одличен тим, но тука дојдовме да пробаме да победиме!