ОФИЦИЈАЛНО: Рангник е нов тренер на Манчестер Јунајтед!

229

Ралф Рангник денеска и официјално е потврден како привремен менаџер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, откако беше склучен договор со Локомотив Москва за ослободување на Германецот од неговиот договор.

Рангник работи во Русија како шеф за спорт и развој во Локомотив со тригодишен договор. Тој се согласи да ја преземе работата во Јунајтед на краткорочна основа под услов да биде задржан како консултант до 2024 година и да има моќ да влијае на одлуките.

63-годишниот поранешен директор за фудбал во РБ Салцбург и РБ Лајпциг исто така има големо тренерско искуство, вклучително и со Лајпциг, Шалке и Хофенхајм. Сепак нема работено како менаџер откако замина од Лајпциг во сезоната 2018-19.

„Возбуден сум што му се приклучувам на Манчестер Јунајтед и се фокусирам на тоа да ја направам оваа сезона успешна за клубот“, изјави Рангник за клупската веб-страница. „Тимот е полн со таленти и има одличен баланс на младост и искуство. Сите мои напори во следните шест месеци ќе бидат да им помогнам на овие играчи да го покажат својот потенцијал, и индивидуално и што е најважно, тимски“, зијавил Рангник.

ПретходноБитолчани оптимисти: И во Лисабон одиме на победа
СледноДенеска одбојкарско дерби во Струмица: Наковски Волеј го предизвикува шампионот