Македонската женска ракометна репрезентација денеска (12 часот) ќе ја одигра втората пријателска средба против Србија во Стара Пазова.
Ова ќе биде последна контрола за избраничките на селекторот, Љубомир Савевски во рамките на ЕХФ-неделата. На првиот меч, нашите ракометарки беа совладани со 33-25, противникот одигра добро во првото полувреме, кое беше клучно за крајниот исход.
Денеска, Македонија ќе има шанса за поправен, да се покаже во подобро издание во Стара Пазова.