Роналдо “удри“ по уредникот на “Франс Фудбал“: Фере е голем лажго!

398

Кристијано Роналдо жестоко го нападна уредникот на “Франс Фудбал“, Паскал Фере. Португалецот се огласи на Инстаграм откако Фере имаше свое излагање во текот на денот по повод доделувањето на престижната награда “Златна топка“.

Роналдо има само една желба во животот, а таа е да ја заврши кариерата со повеќе “Златни топки“ од Меси. Тоа го знам, зошто самиот Роналдо ми го кажа“ изјави првиот човек на “Франс Фудбал“.

На ова Роналдо имаше своја реакција…

Фере лаже. Го користеше моето име за да ја промовира својата манифестација. Јас не знам зошто таков човек е на престижна функција. Лично секогаш сум ја респектирал таа награда. И денеска тој излажа, кажа дека нема да дојдам на доделувањето на наградата во Париз поради карантинот. Јас не победувам против било кој, туку за себе и за клубовите за кои настапувам“ напиша покрај другото Роналдо на своите социјални мрежи.

ПретходноМакедонија „патосирана“ во Киев, Украина „воскресна“ во второто полувреме (ФОТО)
СледноБајиќ: Се истрошивме против Шпанија, ја изгубивме енергијата поради долгиот пат!