Спектакуларен меч на Леброн против тимот на играчот кого го раскрвари (ВИДЕО)

255

ЛА Лејкерс го победија Детроит со 110-106 осум ден по скандалот за време на пресметката меѓу овие два тима. Леброн Џејмс со лакт го удри Ајзеа Стјуарт, кој се стрча на теренот да се одмазди. „Кралот“ доби суспензија од еден натпревар, додека Стјуарт два.

Овој пат немаше инцидент, Лејкерси ја запишаа 11. победа во 22. натпревар оваа сезона, секако благодарение на серијата од 16-0 во третата четвртина и спектакуларната партија на Леброн. Мечот го заврши со 33 поени, пет скока и девет асистенции.

Расел Вестбрук постигна 25 поени, 6 скока и девет асистенции, Ентони Дејвис имаше дабл-дабл од 24 поени, 10 скока и три блокади.

На останатите средби Мемфис го совлада Сакраменто со 128-101, Торонто загуби од Бостон со 97-109.

ПретходноВОЗНЕМИРУВАЧКИ: Нејмар покажа како се повреди
СледноВајли: Украина е уште еден голем предизвик за овој млад тим!