Чичко Климе има одлично друштво: Заедно со внукот го бодрат Столе (ФОТО)

1080

Чичко Климе, таткото на капитенот на Вардар 1961 и македонски репрезентативец, е препознатлив лик на спортските натпревари. Не само што е голем фан на македонската ракометна репрезентација и на РК Вардар, тој е голем поддржувач и на фудбалскиот клуб, Вардар.

Сите кои сакаат спорт добро знаат дека чичко Климе не пропушта меч на Стојанче Стоилов, постојано е на трибините.

Од неодамна доби одлично, би рекле најубаво друштво. Синот на Столе, Бојан, е неговиот партнер за навивање. Тој е горд татко, но и уште погорд дедо. Од мали нозе го учи својот внук за кој дрес да навива. Бојан си има посебен дрес, секако со бројот „5“.

ПретходноНејмар “само“ два месеци во АУТ!
СледноИзбегната трагедија: Гром удрил во авионот во кој имало хрватски ватерполисти!