44 фудбалери и вработени во Беленензес се во изолација, некои го имаат новиот сој на Ковид-19

211

Здравствените власти на Португалија соопштија дека е откриена новата варијанта на коронавирусот кај 13 фудбалери и персоналот на прволигашкиот клуб Белененсес, откако еден од играчите се вратил од Јужна Африка.

Видот Омикрон беше откриен по првенствениот натпревар меѓу Белененсес и Бенфика во саботата. Белененсес натпреварот го започна со девет играчи, а остатокот од тимот беше во изолација. По полувремето само седум се вратија на теренот и средбата беше прекината по две минути во продолжението при водство на Бенфика од 7:0.

„Сите сме во изолација, освен младиот тим кој не играше во саботата. Вкупно 44 лица се во карантин. Двајца или тројца играчи и исто толку членови на персоналот имаат благи симптоми. Сега чекаме тестот да се повтори штом здравствените власти го одобрат“, изјави портпаролот на португалскиот тим.

Уште во саботата, претседателите на Бенфика и Белененсес на прес-конференција изјавија дека мора да одиграат натпревар во спротивно ќе ризикуваат казна за неоправдано отсуство. Тие ги обвинија Лигата и здравствените власти што не дозволиле да се одложи дуелот.

ПретходноДенеска одбојкарско дерби во Струмица: Наковски Волеј го предизвикува шампионот
СледноВечерва во Париз – Битка за „Златната топка“: Меси или Левандовски?