Mеси му се обрати на Левандовски: Роби, ти заслужуваш „Златна топка“

236

Лео Меси по седми пат ја освои „Златната топка“, наградата што ја доделува францускиот магазин Франс Фудбал за најдобриот играч на светот. Оваа година таа отиде во рацете на Лео Меси кој со Аргентина стана шампион на Јужна Америка, а со Барселона го освои Купот на Шпанија. Минатата година манифестацијата беше откажана поради коронавирусот.

По примањето на наградата Лео му се обрати на Левандовски.

Роби, ти заслужуваш да ја добиеш Златната топка. Сите сме сложни дека минатата година, токму ти требаше да ја освоиш. Се надевам дека Франс фудбал ќе ти ја додели Златната топка за 2020 година.“, изјави Меси кој продолжи:

Сакам да искажам благодарност до сите во Барселона и Аргентина. Ми се исполни сонот со Аргентина со триумфот на Копа Америка. По толку години на борба конечно се искачивме на тронот. Тоа беше незаборавно искуство. Не знам уште колку години ќе играм фудбал, но се надевам дека ќе бидат многу затоа што се забавувам играјќи“, изјави Аргентинецот.

ПретходноШпанија остана перфектна, Македонија единствена со два порази
СледноЕкс-фудбалер на Манчестер Ј. ги обвини Рашфорд и Марсијал дека се мрзливи