Битолчани оптимисти: И во Лисабон одиме на победа

136

По двете врзани победи, ракометарите на Е. Пелистер дојдоа на чекор од врвот на табелата во групата во ЕХФ Европската лига. Пред битолчани утре следува нов предизвик, гостувањето во Португалија.

„Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме подготвени и дека нема да играме во Лисабон на победа. Цел ни е да им ги одземеме тие таканаречени лесни голови и полуконтрата. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода“, вели Немања Обрадовиќ.

За предизвикот од гостувањето кај лидерот во групата, Елмир Граџан вели:

„Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа. Пред две сезони игравме против Спортинг. Имаат одлична екипа, брз проток на топка и слична одбрана како нашата. Мислам дека ќе се спремиме и нема да имаме проблем да ја пробиеме“.

Дуелот меѓу Спортинг (Л) и Е. Пелистер е закажан за утре од 20.45 часот во рамките на 5. коло од групната фаза во ЕХФ Европската лига.

ПретходноБајиќ: Украина има одличен тим, но тука дојдовме да пробаме да победиме!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Рангник е нов тренер на Манчестер Јунајтед!