Од Париз, каде вечерва ќе се знае на кого ќе му се додели престижната награда “Златна топка“ или најдобар фудбалер во 2021 година, доаѓаат информации дека за “мир во куќа“, „Франс фудбал“ одлучил да се додели уште две нови награди. Тоа се награда за најдобар напаѓач и најдобар клуб. Ова значи само едно, а тоа е дека Лео Меси ќе ја добие својата седма “Златна топка“ а Роберт Левандовски новата награда за најдобар напаѓач.
Инаку завршницата од самата церемонија ќе започне вечерва нешто после 20 часот.