Меси ја освои седмата „Златна топка“

292

FOTO> Twitter/Ballon d’Or

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“ која ја доделува францускиот фудбалски магазин „Франс фудбал“. Францускиот медиум според гласовите собрани од преку 170 експерти го избра Аргентинецот за најдобар во светот во 2021 година.

Иако статистички гледано Левандовски имаше подобар ефект, сепак, Меси собра повеќе гласови од него. Меси со Аргентина се радуваше на трофејот на Копа Америка, а со Барселона го освои Купот на кралот.

Аргентинецот го освои и претходната „Златна топка“ во 2019 година, а минатата година не се доделуваше наградата поради Ковид-19.

Трет беше Жоржињо од Челзи. За Левандовски следуваше „утешна“ награда, најдобар голгетер за 2021 година.

 

Педри е „Златно момче“ за 2021 година

Донарума со наградата „Јашин“ за најдобар голман

Левандовски е избран за напаѓач на годината!

Претходно„Деветка“ од Северна Ирска за Македонија
СледноШпанија остана перфектна, Македонија единствена со два порази