Чичко Климе, таткото на капитенот на Вардар 1961 и македонски репрезентативец, е препознатлив лик на спортските натпревари. Не само што е голем фан на македонската ракометна репрезентација и на РК Вардар, тој е голем поддржувач и на фудбалскиот клуб, Вардар.
Сите кои сакаат спорт добро знаат дека чичко Климе не пропушта меч на Стојанче Стоилов, постојано е на трибините.
Од неодамна доби одлично, би рекле најубаво друштво. Синот на Столе, Бојан, е неговиот партнер за навивање. Тој е горд татко, но и уште погорд дедо. Од мали нозе го учи својот внук за кој дрес да навива. Бојан си има посебен дрес, секако со бројот „5“.