Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски е именуван за потпретседател на Фудбалскиот клуб Графичар кој се натпреварува во втората лига на Србија. Ѓуровски досега беше тренер на оваа екипа која е филијала на Црвена Звезда, а сега е унапреден во потпретседател додека клубот на неговото место како тренер го назначи Марко Недиќ.
Задачата на Ѓуровски е да се грижи за младите фудбалери и нивниот развој, притоа е задолжен за координација со младинската школа на Црвена Звезда, се наведува во соопштението на клубот.