„Академците“ замрзнаа на минус 42 во Изреал

243

Македонскиот претставник во балканското натпреварување мина лошо на гостувањето кај Галил. На вториот меч во БИБЛ-лигата, Академија ФМП беше одново совладан, овој пат со 107-65, за втор пораз оваа сезона.

Домашната екипа дуелот го реши по првото полувреме, дојде до предност од 57-26. Избраниците на Александар Петровиќ беа немоќни, против фавритот во групата, кој без проблем го приведе мечот во своја корист.

Ајви и Крстајиќ имаа по 15 поени, 12 поени запиша Тодоровски.

Во следниот круг од натпреварите, за една седмица, поточно на 6. декември, Навико Академија ФМП му гостува на Левски во Софија.

ПретходноМаестро Лазаров му донесе бод како планина на Нант
СледноАтанасов постигна два маестрални гола и ги посвети на починат пријател (видео)