Екс-фудбалер на Манчестер Ј. ги обвини Рашфорд и Марсијал дека се мрзливи

766

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Пол Паркер, ги обвини напаѓачите Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал дека не се трудат доволно.

Паркер е незадоволен од посветеноста на Рашфорд и Марсијал и смета дека 20-годишниот Мејсон Гринвуд треба да биде во стартниот состав на тимот. Маркус Рашфорд го пропушти почетокот на сезоната поради повреда и одигра само три меча во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед. Марсијал има проблеми и со минутажа, откако само двапати во првенството обезбеди место во стартниот состав.

„Понекогаш се случуваат лоши настапи, но кога ќе видите играчи кои не сакаат да работат, тогаш се поставуваат прашања. Марсијал и Рашфорд не сакаат да трчаат“, изјавил Паркер.

ПретходноMеси му се обрати на Левандовски: Роби, ти заслужуваш „Златна топка“
СледноЈокиќ посилен од свирежите во Мајами, Дончиќ и Далас со меч за заборав (ВИДЕО)