Иако сите очекуваа, Меси не се сретна со Лапорта во Париз

185

Во организација на „Франс Фудбал“ синоќа во Париз се одржа доделувањето на наградата за најдобар играч на светот, а Златната топка ја освои Меси по седмипат во кариерата.

Аргентинецот беше на церемонијата со семејството, а дури и неговите родители отпатуваа во Париз за да присуствуваат на истата. На церемонијата беше присутен и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, а многумина ја чекаа средбата меѓу него и Меси, бидејќи не се разделија баш убаво кога Аргентинецот летово го напушти каталонскиот клуб.

Меси во едно неодамнешно интервју изјави дека е шокиран што не добил нов договор од Барса, како и дека не му се допаѓаат изјавите на Лапорта кој рече дека Меси не размислувал да остане и да игра бесплатно.

Иако сите чекаа на нивна средба во Париз, тоа не се случи, што го потврди и претседателот на Барселона.

„Среќен сум што Лео ја освои седмата ’Златна топка’ и му благодарам што ја спомна Барселона во својот говор. За жал, вечерва немав можност да го поздравам. Сепак, пресреќен сум и горд сум на него“, изјавил Лапорта.

ПретходноАлександар Ристевски не е повеќе фудбалер на Работнички!
СледноВељковиќ жестоко ќе возврати: Ќе го тужам Фудбалскиот сојуз на Белгија!