Не престануваат коментарите околу синоќешниот избор за најдобар фудбалер според Франс Фудбал, популарната награда Златна Топка, која што по седми пат во кариерата ја доби оваа престижна награда на изненадување, но повеќе на негодување на поголемиот број авторитети во светот на фудбалот. Затоа што речиси сите сметаат дека овогодинешен лауреат требаше, мораше да биде Роберт Левандовски.
Во тоа е убеден и првиот носите на оваа награда Шпанската фудбалска легенда Луис Суарез Мирамонтез кој во 1960 година ја освои Златната топка.
Тој изјави револтирано дека доколку Левандовски не ја добие Златната топка, која што и тоа како ја заслужува, тогаш, тој ќе му ја додели неговата.