Александар Ристевски не е повеќе фудбалер на Работнички!

2493

 

Како што „Спортмедиа“ дознава, Александар Ристевски, искусниот стопер кој во летниот преоден рок дојде од Струга Трим Лум во Градски парк, не е повеќе фудбалер на Работнички. Имено на него, откако клубот претходно донел одлука, му е кажано дека Работнички веќе не смета на неговите услуги.

Се чини дека со ова почна “резот“ во клубот. Факт е дека на Работнички во последно време никако не му оди, без разлика на напорот што го вложува стручниот штаб и новиот тренер Борче Христов и сите во клубот, резултати изостануваат.

До крајот на есенскиот дел остануваат уште три кола, Работнички со сите сили ќе се обиде да освои што повеќе бодови, за да во зимската пауза се види што и како во поглед на засилувањата.

ПретходноПремиерот на Баварија: Фудбал да се игра повторно без публика
СледноИако сите очекуваа, Меси не се сретна со Лапорта во Париз