Амаду Хаидара ќе биде првото засилување на Рангник во Јунајтед

361

Штотуку назначениот нов менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник, во фудбалскиот свет е познат ако исклучително строг и како личност која исклучиво држи до своето мислење, и истото го спроведува. Во Јунајтед проценија дека токму таков менаџер е потребен во моментов, и затоа Германецот впрочем и е доведен.

Рангник ќе има доволно време да ја процени ситуацијата и да доведе адекватни засилувања за тимот за кој ќе смета дека му е потребен.

Па така, јавноста во Британија смета дека најмногу ќе пропати со новите промени, ни помалку ни повеќе туку Кристијано Роналдо, кој ќе го загуби статусот на првотимец и ќе чека шанса од клупата.

Од друга страна пак, денешек Тајмс пренесува дека уште во јануари, Рангник ќе го доведе на Олд Трафорд, Амаду Хаидара во моментов член на тимот на Ред Бул Лајпциг, кој многу добро го познава од времето кога работеше во овој клуб. Трансферот би вредел од 33. милиони фунти, а Хаидара според новиот менаџер на Јунајтед е играчот кој ќе промени многу нешта во играта на тимот.

 

ПретходноБарди остана без тренер, сменет е Хавиер Переира
СледноПрвиот освојувач на Златната топка: Дајте му ја наградата на Левандовски инаку јас ќе му ја дадам мојата