Англичанките срушија рекорд: Ја победија Летонија со 20:0!

180

Женската репрезентација на Англија ја совлада Летонија со 20:0 во меч од 6. коло во групата Д од квалификациите за Светското првенство во која е и македонската репрезентација. Англичанките го демолираа противникот кој е закован на дното на табелата без бодови и гол разлика 2:46.

Ова е и највисоката победа на некоја репрезентација во квалификациски натпревар за Мундијал.

Натпреварот се одигра на „Кипмот“ стадионот во Донкастер, а Мед, Вајт, Хемп и Русо постигнаа по три гола.

Да кажеме дека наредниот меч Англичанките ќе го играат против Македонија во Скопје и тоа во април идната година, а како потсетување Англичанките на домашен терен ги победија македонските репрезентативки со 8:0.

 

ПретходноГапсерини во Бергамо до 2024 година
СледноЕ.Пелистер пропушти шанса за победа во Лисабон, се враќа со бод!