Атанасов постигна два маестрални гола и ги посвети на починат пријател (видео)

5839

Македонскиот интернационалец Јани Атанасов беше стрелец на два гола во убедливиот триумф на Хајдук против Локомотива со 6:3. Сплитскиот тим со оваа победа избори пласман во полуфиналето на Купот, а Атанасов постигна два фантастични гола.

Првиот гол го даде во 51. минута за предност од 1:2 и тоа на неверојатен начин откосо, во стилот на Ван Бастен на времето, а потоа во листата на стрелците се запиша и во 66. минута за предност од 2:5.

Головите ги посвети на свој неодамна починат пријател кој загинал во сообраќајна несреќа.

Претходно„Академците“ замрзнаа на минус 42 во Изреал
СледноШевченко на мегдан со екс-клубот: Јас навивам за Милан, но не на мечот со Џенова