Ацковски: Сакаме полуфинале, но Силекс е силна екипа

472

Тимот на Брегалница одлично котира засега во домашниот шампионат, а и во купот ете стаса до самата завршница. Утре се играа четвртфиналните средби од ова натпреварување, оние одложение, кои требаше да се играат минатата недела. Во нов Штипјани ќе се сретнат со Силекс во моментов второлигаш но овој тим во моментов може да се нарече се само не аутсајдер во овој дуел.

„Јасно е дека нашата желба е пласман во полуфиналето, но мора да бидеме внимателни против екипа како Силекс која секогаш игра одлично на домашен терен. Ние мора со квалитетна игра и максимално издание да дојдеме до триумф, ако сакаме полуфинале. Факт е дека сакаме со триумф оваа генерација фудбалери на Брегалница да се запише во фудбалската историја на Штип“ – изјави стрелецот за Брегалница, на последниот првенствен натпревар, Кристијан Ацковски.

ПретходноКлоп за „Златната топка“: Тоа не беше мој избор, тоа е ваша грешка!
СледноПобараа од Антонела да се тргне на страна, Меси со еден потег воодушеви (ВИДЕО)