Тимот на Леванте на чело со нашиот Енис Барди има очаен старт на овогодинешниот шампионат во Примера и како таков е во моментов последнопласиран тим на табелата со едноцифрен број на поени.
Последниот пораз од викендов, ја „прели чашата“ и управата на клубот реши да му врачи отказ на досегашниот тренер Хавиер Переира.
Переира беше на клупата на Леванте само месец и пол, но и тој не успеа очигледно да ги промени нештата. Ситуацијата воопшто не е добра, тимот нема победа на 23 меча по ред и руши рекорди што се вели во негативна смисла.
Во моментов тренерот на Б тимот на Леванте, Алесио Лисци ќе го води тимот, а за ново конкретно решение веројатно ќе се знае во следните неколку дена.