Тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини ќе остане во Аталанта до 2024 година. Тоа за италијанските медиуми пред мечот со Венеција која е победена со 4:0 го потврди претседателот на клиубот од Бергамо, Лука Перкаси.
„Договор постигнавме летоска. Тој е централна фигура на нашиот проект“, изјави Перкаси.
Гасперини доби нов договор до 2024 година со опција да биде продолжен на уште една. Тој успеа да ја трансформира Аталанта од клубот кој се бори за опстанок во редовен учесник во Лигата на шампионите. Со оглед на тоа дека претходниот договор му истекуваше на крајот на сезоната, челниците на Аталанта побрзаа да му понудат нов договор. Тој за пет години ја предводеше Аталанта на 259 натпревари со тоа што впиша 136 победи и 65 ремија.