Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Пол Паркер, ги обвини напаѓачите Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал дека не се трудат доволно.
Паркер е незадоволен од посветеноста на Рашфорд и Марсијал и смета дека 20-годишниот Мејсон Гринвуд треба да биде во стартниот состав на тимот. Маркус Рашфорд го пропушти почетокот на сезоната поради повреда и одигра само три меча во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед. Марсијал има проблеми и со минутажа, откако само двапати во првенството обезбеди место во стартниот состав.
„Понекогаш се случуваат лоши настапи, но кога ќе видите играчи кои не сакаат да работат, тогаш се поставуваат прашања. Марсијал и Рашфорд не сакаат да трчаат“, изјавил Паркер.