Е.Пелистер не успеа да дојде до целиот плен во Лисабон иако имаше отворен пат кон третата победа оваа сезона. Битолчани на крајот мораа да бидат задоволни со реми од гостувањето кај Спортинг (27-27) во рамките на петото коло во Европската лига.
Избраниците на Жељко Бабиќ на нецели три минути до крајот имаа водство, но по исклучувањето на Табоада си го стори своето. Токму Кубанецот со седум гола беше прв стрелец, зад него беше Мандалиќ со пет погодоци. Секељи запиша осум одбрани, шест во првото полувреме.
Одлично прво полувреме одиграа битолските ракометари, предводени од Секељи и неговите шест интервенции (еден седмерец). По водството на противникот од 1-0, со двата гола на Табода и Павлетиќ поведоа со 1-3. Периќ со два седмерци и Табоада зголемија на 2-5.
Reinier Taboada Dranquet with the smooth moves as Eurofarm Pelister put Sporting under some early pressure! #ehfel pic.twitter.com/2smp7CVRry
— EHF European League (@ehfel_official) November 30, 2021
Во овој дел домашниот состав успеа еднаш да израмни (9-9) во 19. минута, на другата страна Е.Пелистер во седум минути подоцна одново дојде на плус три (12-15), истата позитива ја имаше пред крајот на првото полувреме (13-16). На одморот резултатот беше 14-16.
Е.Пелистер продолжи во ист ритам, не му дозволи на противникот да влезе во ритам, ја успори нивната игра, трпеливо – со голема дисциплина го градеше секој напад. Во 34. минута, единствениот македонски претставник поведе со 16-19.
Расположениот Табоада ја одржуваше истата предност 17-20 и 18-21. Со новиот погодок на Табоада и Павлетиќ, Е.Пелистер во 40. минути дојде до најголемо водство во овој дел од мечот од четири гола (19-23), пропушти три шанси и за плус пет, на средината на второто полувреме Периќ промаши седмерец.
Спротинг казни со два гола во низа (22-24) беше на 12. минути до крајот, португалскиот тим во овој период беше со играч помалку. Мандалиниќ во вистинско време го прекина налетот на противникот за (22-25).
Мал пад во играта на битолчани го дигна Спортинг, кој по долго време израмни на 25-25 во 55. минута. Тешко одеше во нападот, Е.Пелистер мораше да шутира под притисок за пасивен напад.
Мандалиниќ со два гола го во врати во живот својот тим за 25-27. Најефикасниот кај битолчани Табоада доби исклучување на две минути до крајот. Домаќинот добро ја искористи шансата, израмни на 27-27, Велкоски изгуби топка, останаа девет секунди до крајот, Периќ промаши за победа.
Овие два тима за една недела одново ќе се сретнат, дуелот се игра во Битола. Е.Пелистер останува на третото место со шест бода, еден помалку од лидерот Ним и Спортинг.